Манчестер јунајтед има нова мета: Тргнува по братот на ѕвездата на Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

На Манчестер јунајтед не му оди ниту со Рубен Аморим на клупата и како што стојат работите клубот ќе мора да прави нови промени и во играчкиот кадар.

Според последните информации клубот од „Олд Трафорд“ е заинтересиран во своите редови да го доведе Џоб Белингем, братот на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем.

Братот на Џуд прикажува одлични настапи во Чемпионшиш во дресот на Сандерленд и така го привлекол вниманието на „црвените ѓаволи“.

За разлика од неговиот постар брат, Џоб игра нешто повеќе дефанзивно, но сезонава постигна четири гола и додаде три асистенции.

Манчестер јунајтед не е единствениот клуб кој покажал интерес за неговите услуги, но се истакнува дека биле најконкретни.

Сепак, тој има уште три години од договорот со Сандерленд и поради поранешниот премиерлигаш нема да брза со продажбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани