1,2K
Манчестер Јунајтед конечно успеа да фати малку позитивен дух по двете врзани победи над Лестер и Реал Сосиедад, како и двете ремија претходно со Арсенал и шпанскиот тим во Лигата на Европа.
И покрај тоа, веќе се размислува за летниот преоден рок во кој одново Манчестер Јунајтед се очекува да вложува.
Постојат повеже желби, главно за напаѓачката позиција. Рубен Аморим бара класичен шпиц,, а во комбинација се споменуваат четири „жешки“ имиња. На листата се неколку многу барани напаѓачи и еден кој котира нешто послабо.
Наводно, желби на Јунајтед за летото се Виктор Ѓокереш од Спортинг, Виктор Осимен од Наполи, Бенјамин Шешко од Лајпциг и Хуго Екитике во Ајнтрахт.