„Ѓаволите“ продолжуваат да тонат, синоќешниот пораз од Њукасл значи дека Манчестер јунајтед ќе ја има својата најлоша сезона во Премиерлигата, па дури и да победат на сите натпревари до крајот.
Клубот од Олд Трафорд е очаен оваа сезона, особено откако Рубен Аморим седна на жешкото тренерско столче.
„Ѓаволите“ имаат само една победа на последните пет натпревари во Премиерлигата, а по синоќешниот пораз од Њукасл, имаат 38 бода на шест кола до крајот.
Па дури и да ги победат сите натпревари до крајот – Вулверхемптон, Борнмут, Брентфорд, Вест Хем, Челси и Астон Вила – ќе ја имаат својата најлоша сезона во Премиерлигата.
Во моментов, најлоша сезона им онаа 2021/22, кога освоија 58 бода, а сега максимум можат да стигнат до 56 бода.
Поразот од Њукасл исто така беше 115. пораз откако Сер Алекс Фергусон го напушти клубот во 2013 година.
Само за споредба, со легендарниот Шкот на кормилото, Манчестер јунајтед забележа 114 порази во Премиерлигата во период од 26 години.