Манчестер јунајтед и Атлетико му ги поматија сметките на Милан и двојно ја зголемија цената на Фофана

by bojan
1 минути читање
Фофана

Неочекуван пресврт во преговорите помеѓу Милан и Монако за трансфер на Јусуф Фофана, цената на фудбалерот двојно се зголеми откако интерес пријавија Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид.

„Росонерите“ подолго време водат преговори со Монако за трансфер на Јусуф Фофана и синоќа се пишуваше дека двата клуба начелно постигнале договор за фиксната сума која треба да изнесува 14 милиони евра, и ги договараат бонусите.

Но утрово пристигна информација за неочекуван пресврт во преговорите, Монако поставил цена од 30-35 милиони евра откако интерес пријавиле Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид.

Па Милан сега треба да одлучи дали ќе ја зголеми понудата или пак ќе се насочи кон други цели, се шпекулира дека Адриен Рабио е една опција, како и Ричард Риос од Палмеирас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани