Манчестер јунајтед го продава првото засилување на Тен Хаг за скромни 3,5 милиони евра

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ во јули 2022 го купија Тајрел Маласија за 15 милиони евра како прво засилување во ерата на Ерик тен Хаг, левиот бек сега е на продажба и може да го напушти Олд Трафорд за само 3,5 милиони евра.

Рубен Аморим и Манчестер јунајтед пречкрта неколку имиња – на листата за отстрел се Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо, Антони и Тајлер Маласија.

Последните информации велат дека „ѓаволите“ бараат скромни 3,5 милиони евра за да се разделат со Талјер Маласија, за кого беа платени 15 милиони евра летото во 2022 година.

Холанѓанецот беше прво засилување на Ерик тен Хаг, имаше солидна прва сезона, но потоа заработи тешка повреда поради која ја пропушти цела 2023/24 и паузираше повеќе од една година.

Се врати на терените дури во ноември минатата година, иако доби пофалби од Рубен Аморим, беше испратен на позајмица во ПСВ во вториот дел од сезоната 2024/25, клубот од Ајндховен на крајот одби да одвои 10 милиони евра за перманентен трансфер.

Селтик сега е клубот кој појавува најсериозен интерес а сумата од 3,5 милиони евра всушност е вредноста на Тајлер Маласија во сметководствените книги, и ваков трансфер ќе значи „позитивна нула“ односно ќе се избегне загуба според правилата за профит и одржливост.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×