Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Угарте и потроши преку 200 милиони ова лето

by bojan
1 минути читање

Мануел Угарте е засилувањето број 5 за Ерик тен Хаг ова лето, Манчестер јунајтед вечерва го потврди трансферот на Уругваецот од ПСЖ.

„Ѓаволите“ потрошија преку 200 милиони фунти во летниот проден рок, вечерва Мануел Угарте беше соопштен како ново засилување за Ерик тен Хаг.

Се работи за зделка од нешто над 42 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 8,4 милиони фунти во бонуси.

Манчестер јунајтед претходно ги купи Џошуа Зиркзе, Лени Јоро, Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи за да потроши преку 200 милиони фунти овој преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани