Манчестер јунајтед го послушал Касемиро и со 80 милиони тргнал по неговиот наследник

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Ројтерс, Манчестер јунајтед води напредни преговори за ангажман на Бруно Гимараеш од Њукасл во зделка вредна околу 80 милиони евра.

„Ѓаволите“ имаа опција да му го продолжат договорот на Касемиро за додатни 12 месеци, но на почетокот од годината соопштија дека нема да ја активираат клаузулата и ќе му дозволат на Бразилецот беспари да го напушти Олд Трафорд.

Изминативе месеци Касемиро постигна неколку важни голови, покажа дека може да биде клучен играч, па почнаа да кружат гласини дека Манчестер јунајтед се пишмани и може да му понуди нов договор.

Но во моментов директорите не размислуваат за еден ваков потег и кројат планови за иднина без Касемиро.

Како што пренесува Ројтерс, Манчестер јунајтед води напредни преговори за ангажман на Бруно Гимараеш од Њукасл во зделка вредна околу 80 милиони евра (69 милиони фунти).

Интересно, токму Касемиро ги советувал „ѓаволите“ да го ангажираат неговиот сонародник, го препорачал како „идеален наследник“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×