Манчестер јунајтед го пикираше новото „чудо од дете“ на Лајпциг вредно 100 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Новинарот Бен Џејкобс вели дека Манчестер јунајтед летоска ќе донесе засилување за левата крилна позиција, а топ трансфер цел е младиот Јан Диоманде од РБ Лајпциг.

„Ѓаволите“ минатото лето потрошија околу 200 милиони фунти на засилувања, а слична сума ќе биде одвоена и ова лето, под услов да биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.

Ново лево крило ќе биде помеѓу приоритетите, а како што пренесува новинарот Бен Џејкобс, високо на листата со желби е поставен младиот Јан Диоманде од РБ Лајпциг.

19 годишното момче блесна оваа сезона во дресот на „биковите“, па неколку гиганти како Арсенал, Ливерпул, Баерн Минхен и Барселона го вметнаа тинејџерот во своите бележници.

РБ Лајпциг трие раце, и очекува понуди од околу 100 милиони евра.

„Ѓаволите“ знаат дека една ваква зделка воопшто нема да биде лесна, па имаат и план Б во името на Антони Гордон од Њукасл.

ФОТО: X/RB Leipzig English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×