Манчестер јунајтед го „олади“ интересот за Угарте, од втора лига ќе носи засилување за средниот ред

by bojan
1 минути читање
Берге

Според пишувањата на Скај Спортс, Манчестер јунајтед го „оладил“ интересот за Мануел Угарте и опипува терен за ангажман на Сандер Берге од Барнли.

Ова лето чест се пишуваше дека Манчестер јунајтед сака да го ангажира Мануел Угарте од ПСЖ како засилување за средниот ред, но двата клубови никако не успеаваа да најдат заеднички јазик за висината на обесштетувањето, па „ѓаволите“ го оладија интересот за Уругваецот.

Како што пренесува Скај Спортс, клубот од Олд Трафорд сега разгледува други опции и една од нив е Сандер Берге.

Манчестер јунајтед веќе отворил преговори со Барнли и опипал терен за ангажман на 26 годишниот Норвежанец.

Сандер Берге не е единствената опција, во бележникот на „ѓаволите“ се уште Јусуф Фофана од Монако, Ришард Риос од Палмеирас, а не се исклучива и можноста за нова позајмица на Софијан Амрабат од Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани