Манчестер јунајтед го избрка, а тој сега е кандидат за „Златна топка“

by Стефан
1 минути читање

Скот Мектоминеј беше вишок во Манчестер јунајтед, па клубот одлучи да го продаде, а тоа го искористи Наполи кој го доведе и не погреши.

Зад себе Мектоминеј има фантастична сезона и беше еден од најважните во освојувањето на титулата на Наполи, а тоа му донело и место на листата за „Златната топка“.

Иако, комплетната листа на кандидати не е објавена, голем број медуми објавија дека Мектомениј добил номинација во изборот за најдобар во светот.

За него ова ќе биде прва номинација и тоа веднаш по заминувањето од Манчестер јунајтед кој во минатата сезона ја имаше најлошата сезона во историјата на Премиер лигата и заврши на 16. позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×