„Ѓаволите“ ќе имаат целосно нов напад во сезоната 2025/26, клубот од Олд Трафорд денеска го договори и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг во зделка вредна околу 73,7 милиони фунти сосе бонуси.
Офанзивата на Манчестер јунајтед потфрли минатата сезона, па „ѓаволите“ ова лето потрошија 200 милиони фунти за Рубен Аморим да добие целосно нов напад.
Прв на Олд Трафорд пристигна Матеуш Куња од Вулверхемптон во зделка вредна околу 62,5 милиони фунти.
Потоа, по долги преговори, беше ангажиран Брајан Мбеумо од Брентфорд во трансфер вреден 71 милион фунти сосе бонуси.
Денеска падна договор со РБ Лајпциг за трансфер на Бенџамин Шешко вреден околу 73,7 милиони фунти.
Неколку извори објавија дека двата клуба си подале рака за зделка од 76,5 милиони евра (околу 66,3 милиони фунти), плус лесно остварливи бонуси од 8,5 милиони евра (7,4 милиони фунти).
Фудбалерот од Словенија сега треба да отпатува на северот во Англија на редовни лекарски прегледи и потпис на договорот.