Манчестер јунајтед е во одлична форма пред новата сезона – го прегази Бормут во САД! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер јунајтед изминатата вечер на натпреварот во Чикаго славеа победа над Бормут со 4-1 во предсезонската премиерлигашка турнеја во САД.

Средбата се одигра во тешки временски услови под силен дожд, но избраниците на Рубен Аморим покажаа дека се во добра форма пред новата сезона.

Резултатот го отвори Хојлунд уште во осмата минута, а веќе во 25. Доргу се погрижи за 2-0. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел по само осум минути игра, Диало зголеми на 3-0, додека Вилијамс на 20-тина минути пред крајот се погрижи за 4-0. Конечните 4-1 беа поставени во завршницата со автоголот на Де Лихт.

Покрај натпреварот на Јунајтед и Бормут изминатата вечер силите ги одмерија Вест хем и Евертон, а таму славеа „чеканите“ со резултат 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×