Раководството на Манчестер јунајтед смета дека синоќешниот пораз од Тотнем е неприфатлив, но нема да му врачи отказ на Ерик тен Хаг, веруваат дека Холанѓанецот ќе го врати тимот на победнички патеки.
„Ѓаволите“ синоќа уште еднаш ги разочараа навивачите, дома загубија од Тотнем со 0-3.
Новиот пораз повторно ги врати гласините за отказ на тренерот Ерик тен Хаг, многумина сметаат дека стратегот ги потрошил сите џокери.
Како што пренесува Скај Спортс, раководството на Манчестер јунајтед смета дека поразот од Тотнем е неприфатлив.
Сепак, нема да му биде врачен отказ на Тен Хаг, главниот фокус ќе биде ставен на тоа да се обезбеди соодветна поддршка за стратегот, неговиот тренерски персонал и играчите, за клубот да се врати на победнички патеки.