Медиумите од „островото“ откриваат дека Манчестер јунајтед должи фантастични 413 милиони фунти за трансфери, ова го покажуваат бројките од последниот финансиски извештај.
„Ѓаволите“ должат огромна сума на пари за купени играчи, по анализите направени на последниот финансиски извештај на клубот од Олд Трафорд, добро упатените велат дека „ѓаволите“ имаат долг од 413 милиони фунти за трансфери.
Манчестер јунајтед има потрошено над 1 милијарда фунти на засилувања во последните шест сезони.
50+ милиони фунти беа одвоени за дури осум фудбалери изминативе години, а најскапото засилување Антони чинеше 85 милиони фунти.
Купувањето на рати е вообичаена пракса во последно време, но сумата од 413 милиони фунти е огромна и сигурно ќе ги ограничи можностите на трансфер пазарот за новиот тренер Рубен Аморим.