„Ѓаволите“ се пофалија дека во првите шест месеци од оваа сезона оствариле профит, но клубот од „Олд Трафорд“ има долг од 1,3 милијарди фунти, од кои неверојатни 422 милиони се за трансфери.
Манчестер јунајтед оваа недела го обелодени финансискиот резултат за првите шест месеци од сезоната, односно заклучно со 31. декември 2025 година, и се пофали со профит од 32,6 милиони фунти.
Но ова е само еден дел од приказната, другиот вели дека „ѓаволите“ имаат долг од речиси 1,3 милијарди фунти.
Од оваа сума, неверојатни 422 милиони фунти се долг кон други клубови за купени играчи, од кои фантастични 238 милиони фунти треба да бидат платени во следните 12 месеци.
Останува да се види каков трансфер буџет ќе имаат „ѓаволите“ летоска, но јасно е дека настап во Лигата на шампиони и тоа како е неопходен за да се подобри финансиската состојба.