По синоќешната победа во ФА Купот, „ѓаволите“ тераа мајтап на социјалните мрежи со тренерот на Арсенал, Микел Артета и неговата замерки за топката на Пума, која наводно „летала“ многу.
Манчестер јунајтед синоќа на пенал славеше против Арсенал во ФА Купот, а по крајот на натпреварот, „ѓаволите“ решија да го тролаат Микел Артета за една негова изјава од пред неколку дена.
По поразот на Арсенал од Њукасл во полуфиналето на Лига Купот, тренерот на „топчиите“ имаше замерки за топката на Пума.
„Шутнавме многу топки над пречката, беше чудно, овие топки летаат многу. Овие топки се многу поразлични од оние со кои играме во Премиерлигата и потребно е да се прилагодите бидејќи летаат многу“ – реча Микел Артета.
Па Манчестер јунајтед на социјалните мрежи објави фотографија од моментот кога Бруно Фернандеш спектакуларно погоди вчера на Емирати и напиша: „Оваа топка лета многу“.
This ball flies a lot.
— Manchester United (@ManUtd) January 12, 2025
☄️ @B_Fernandes8 #MUFC || #FACup pic.twitter.com/p7id6fnUCo
Подолу погодокот на Португалецот со кој „ѓаволите“ поведоа со 0-1.