Манчестер Сити постави огромна цена за трансфер на Хулијан Алварез

by bojan
1 минути читање
Алварез

„Граѓаните“ нема лесно да се откажат од Хулијан Алварез, за услугите на Аргентинецот бараат 60 милиони фунти (околу 71 милион евра), плус додатни 17 милиони фунти во бонуси (околу 20 милиони евра).

Подолго време се говори дека Хулијан Алварез не е задоволен од престојот на Етихад и размислува да ја промени средината, денеска беше објавено дека Аргентинецот побарал да бдие продаден, тој и неговото семејство сакале место со потопла клима.

Манчестер Сити е подготвен да му излезе во пресрет, но нема лесно да се откаже од неговите услуги.

Како што пренесува Атлетик, „граѓаните“ поставиле огромна цена и бараат 60 милиони фунти (околу 71 милион евра), плус додатни 17 милиони фунти во бонуси (околу 20 милиони евра).

Атлетико Мадрид, кој пројавува конкретен интерес за напаѓачот, смета дека Манчестер Сити бара премногу пари и можно е да се повлече доколку шампионот на Англија не ја намали сумата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани