336
Манчестер Сити направи нов кикс во Премиерлигата откако не успеа да победи на гостувањето кај Њукасл.
Тимот на Пеп Гвардиола ја имаше иницијативата, а во 22. минута со гол на Стерлинг дојде до водство од 1-0.
Но радоста траеше само три минути кога Вилемс постигна погодок за израмнување на 1-1.
На десетина минути до крајот Кевин Де Брајне постигна страшен гол за ново водство на Сити, во тие моменти се мислеше дека дојдоа до победа, но не беше така.
Во 88. минута Џонџо Шелви со исто така фантастичен погодок го изедначи резултатот и ги постави конечните 2-2.