„Граѓаните“
потешко од очекувањата славеа кај новалијата Хадерсфилд, избраниците на Пеп
Гвардиола срушија рекорд стар повеќе од две децении.
Имено, за Манчестер Сити
ова беше прва победа по 22 години на гостински терен во Премиерлигата откако губеле во воведните 45 минути.
Едерсон капитулираше
во судиското надополнување на првиот дел, и тоа благодарејќи на несреќниот Отаменди, кого
топката го погоди во рамо и заврши во голот.
Но во второто полувреме следуваше пресврт, „Граѓаните“
изедначија веќе во 48. минута, Агуеро погодои од пенал за 1-1.
Кон
финишот на вториот дел среќата сепак им се насмевна на гостите и Стерлинг сосема случајно
постигна гол за победа. Жесус биеше, голманот на домаќините одбрани, но
одбиената топка го погоди Стерлинг, кој ни крив ни должен ја затресе мрежата на Хадерсфилд за три бода.