Манчестер Сити стана првиот Премиерлигаш кој потврди дека нема да користи државни пари за своите работници

by
1 минути читање

Манчестер Сити
стана првиот клуб од Премиерлигата кој потврди и официјално дека ќе продолжи со
редовна исплата во целост во однос на обврските кон своите вработени во клубот
кои не се фудбалери и дел од стручниот штаб.

Одлуката на „Итихад“
паднала уште претходната седмица, пред да биде ратификувана од бордот на
директори во петокот утрото, главниот оперативен директор на клубот, Омар
Берада ја соопштил веста на стотици вработени во клубот преку порака викендов.

Можеме да
потврдиме, со оглед на одлуката која падна на највисоко ниво на клубот
претходната седмица, дека Манчестер Сити нема да ги користи мерките на владата
за погодените во кризата со коронавирусот
“ вели портпаролот на актуелниот
англиски првак.

Остануваме
посветени на идејата да ги заштитиме луѓето, нивните работни места и нашиот
бизнис исто така, правиме максимални напори за да ја поддржиме нашата заедница
во овој доста предизвикувачки период со кој се соочуваме сите
“ додава тој.

Одлуката на
Манчестер Сити доаѓа по онаа на Ливерпул, Тотнем, Њукасл, Борнмут и Норич кои
своите работници ги испратија на принуден одмор, а сите пет клубови потврдија
дека ќе користат државни пари по мерките на тамошните власти да покриваат 80%
од платите на работниците погодени од кризата со коронавирусот.

Клубовите кои се
решија на таков чекор добија жестоки критики во јавноста на Островот, особено
со големи критики се соочи Ливерпул со оглед на огромната заработка на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×