176
Манчестер Сити имаше брилијантно прво полувреме кое го добија со 3-0 а можеа и поубедливо.
Резултатот го отвори Бернардо Силва со прекрасен погодок во 17. минута, Махрез во 33. зголеми на 2-0.
На пет минути до крајот на првиот дел Переира си постигна автогол за убедливо водство на Сити од 3-0.
Во второто полувреме тимот на Гвардиола го намали интензитетот, Манчестер јунајтед воспостави игра и беше поопасен.
Рашфорд во 70. минута постигна гол за надеж, но тој беше единствениот за Јунајтед, мечот заврши со победа на Сити од 3-1.
По оваа победа големи се шансите на Манчестер Сити да избори финале во Лига Купот.
Во второто полуфинале утре играат Лестер и Астон Вила.