Пеп Гвардиола не беше конкурентен за титулата во Премиерлигата во својата првата сезона во Англија, а рано испадна и од Лигата на шампионите, па подготвен е сериозно да инвестира во тимот.
„Мирор“ пишува дека Алексис Санчез од Арсенал и Кајл Вокер од Тотенхем се високо на листата на желби кај него и клубот е подготвен да издвои и 100 милиони фунти за да дојде до двјацата фудбалери.
Алексис Санчез сигурно ќе го напушти Арсенал, но има повеќе кандидати за неговиот потпис, покрај Сити интерес има и од Баерн Минхен и ПСЖ. Клубот ќе се обиде да го продаде надвор од Англија, но и Чилеанецот треба да ја каже својата желба, а според „Мирор“ таа е да остане во Премиерлигата.
Манчестер Сити е подготвен да одвои 50 милиони фунти за Санчез, исто колку и за Кајл Вокер од Тотенхем.
Тотенхем е подготвен да го продаде Вокер кој на неколку средби го загуби местото од Киеран Трипие. Тимот има одлична замена, а цената на Вокер се уште е многу висока. Покрај Сити, за него интерес има и од Баерн Минхен и Челси.
Манчестер Сити е уверен дека може да ги добие битките со конкурентите и Алексис Санчез и Кајл Вокер идната сезона да го носат светло синиот дрес.