267
Манчестер Сити по само 18 минути игра водеше со 5-0 против Ватфорд. Тоа е најбрзо постигнати пет гола од било кој тим во историјата на Премиерлигата.
Серхио Агуеро го постигна 100. гол на Етихад стадионот, само уште двајца фудбалери успеале да постигнат троцифрен број на погодоци на еден стадион. Тјери Анри на Хајбери (114) и Вејн Руни на Олд Трафорд (101).
Голот на Давид Силва постигнат во 52. секунда е најбрзиот гол во Премиерлигата оваа сезона.