Актуелниот
шампион прокнижи нови три бода, Манчестер Сити рутински одработи против Брајтон
и славеше со 4-0.
Де Брујне го
отвори резултатот веќе во втората минута, а пред крајот на првиот дел Агуеро
зголеми на 2-0. Аргентинецот погоди по втор пат по десет минути игра во
продолжението а точка на натпреварот стави Бернанрдо Силва во 79. минута од
мечот.
Челси испушти два
гола предност, Курт Зума со автогол во финишот од мечот му подари бод на Шефилд јунајтед. Абрахам стрелаше два пати во првиот дел и навести нова победа за
„сините“, но одбраната уште еднаш покажа дека има доста дупки.
Робинсон на
стартот од вториот дел намали на 2-1, а потоа Зума во 89. минута неспретно
реагираше и си ја затресе сопствената мрежа за 2-2.
Претходно
киксираше и Манчестер јунајтед, кој на гостувањето кај Саутемптон одира само
1-1. На останатите мечеви од 16 часот, Лестер со 3-1 го совлада Борнмут, Вест
Хем со 2-0 славеше над Норич, Кристал Палас со 1-0 ја доби пресметката со Астон
Вила, а на мечот помеѓу Њукасл и Ватфорд немаше победник.