Манчестер Сити пред десет години можел да го добие Модриќ, но…

by
1 минути читање

За многумина
новата ера на Манчестер Сити почна со доаѓањето на шеикот Мансур и 33 милиони
фунти потрошени на Рубињо во последниот ден од преодниот рок во летото 2008
година, некои сметаат дека сето тоа почнало со доаѓањето на Компани неколку
седмици претходно, но, се
би
можело да се смени со ангажман на тогаш големиот фудбалски потенцијал Лука
Модриќ.

Поранешниот
претседател на тимот од Итихад арената, Бернард Халфорд тврди дека клубот имал
голема можност за само 10 милиони фунти да го добие тогаш 22 годишниот член на
Динамо Загреб, но, откако тогашниот газда на Сити, Такшин Шинаватра ги видел
своите сметки замрзнати на Тајланд, можноста да се дојде до потписот на Хрватот
пропаднала.

Шинаватра беше
возбуден, дојде до мене и ми рече дека ќе направиме голем трансфер, еден од
најдобрите фудбалери на светот, но потоа се повлече на првиот ден од сезоната,
рече дека мора да се повлече откако неговите пари на Тајланд беа замрзнати,
можевме да го добиеме за само 10 милиони фунти
“ откри Халфорд.

Сепак, на
Островот велат дека евентуален трансфер на Модриќ во Манчестер Сити, би довело
Давид Силва да не го облече дресот на Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×