Манчестер Сити покажа кој е шампион, го доби првото дерби, Арсенал немоќен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Унаи Емери немаше среќа уште при ждрепката, па за противник на своето официјално деби на клупата на Арсенал го доби Манчестер Сити. Топчиите беа надиграни од шампионот и можат да бидат задоволни што примија само два гола.

Сити тргна офанзивно уште од самиот старт, и веќе во 13. минута преку соло пробив на Рахим Стерлинг дојде во водство од 1-0.

Арсенал се обидуваше да се надигрува, но шансите беа на страната на Манчестер Сити кои благодарение на одличниот Петр Чех на својот втор погодок чекаа до 64. минута.

Тогаш Бенџамин Менди го пронајде Бернанрдо Силва во шеснаесетникот на Арсенал, а тој ја смести топката во мрежата на Чех за водство од 2-0, што беше и конечен резултат.

Арсенал играше лошо, неповрзано, не успеваше да создаде посериозни шанси за гол. Неколку од засилувањата дебитираа, но никој не импресионираше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×