Манчестер Сити го освои трофејот од „Комјунити шилд“ и на одличен начин ја почна новата сезона.
Ливерпул може да жали за пропуштеното, беа значително подобар противник во текот на 90 минути, но мечот заврши нерешено 1-1.
Манчестер Сити одлично го отвори мечот, со гол на Стерлинг уште во 12. минута поведе со 1-0.
Потоа играта се префрли на половината на Манчестер Сити каде што се играше до крајот на мечот.
Израмнувањето стигна од Матип во 77. минута од мечот кога погоди со глава по асистенција од Ван Дајк.
Ливерпул имаше неколку одлични шанси, но Манчестер Сити го имаше расположениот Браво, а и конструкцијата од голот спасуваше, фантастична интервенција на гол линијата имаше и Вокер.
И Манчестер Сити можеше да дојде до победа во регуларниот тек, беше опасен од контра напади кои не ги искористија.
Во пенал серијата не реализираше единствено Вајналдум, Браво го одбрани неговиот удар и е херој на овој меч за Манчестер Сити.