Манчестер Сити почна да влева страв кај ривалите, Конте ги повика Клоп, Венгер и Мурињо да се здружат против Гвардиола

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола ги
склопи коцките по негов мерак на Етихад, па откако минатата сезона беше една од
најлошите во неговата кариерае, Манчестер Сити сега игра по нотите на Шпанецот
и руши рекорди.

„Граѓаните“ се на
врвот на табелата со 11 бода предност во однос на Манчестер јунајтед, и што е
уште поважно, делуваат незапирливо и имаат низа од 16 победи.

Но Пеп Гвардиола
не стои со скрстени раце и веќе крои планови како да ги направи уште посилен
својот тим. Стратегот сака нов централен дефанзивец, а бидејќи парите не се
проблем, прва желба е Вирџил ван Дијк.

Холанѓнаецот важи
за еден од најдобрите одбрамбени играчи на „Островото“, Саутемптон го знае тоа,
па неговата цена е 70 милиони фунти.

Ван Дијк
изминатово лето беше желба на Ливерпул, се сретна и со Клоп, но „Црвените“
мораа да се повлечат откако „Светците“ им се заканија со тужба и жалба до ФИФА.

Неговото име сега се поврзува и со Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед, па Антонио
Конте ги повика Јирген Клоп, Арсен Венгер и Жозе Мурињо да се здружат против
Пеп Гвардиола и да не дозволат дефанзивецот да заврши на Етихад.

„Секој клуб мора
добро да внимава, ако Манчестер Сити ги купи најдобрите играчи, ќе бидеме многу
тешко да се бориме ппротив нив, не само во Англија туку и во Европа
– вели Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×