На почетокот од оваа недела излезе информација дека Манчестер јунајтед понудиле 72 милиони фунти за 18-годишниот француски фудбалер.
Но „Ле10 Спорт“, информира дека Пеп Гвардиола посакува да го ангажира Мбапе и Манчестер Сити го информирале Монако дека се подготвени да платат 94 милиони фунти (110 милиони евра), што бил бил рекорден трансфер.
„Зошто не би отишол во Реал Мадрид? Тој е многу добар фудбалер, многу млад и се докажува на секој натпревар. Секогаш сака да даде допринос за тимот“ – смета Фалкао.
Покрај клубовите од Манчестер и Реал Мадрид, интерес за Мбапе има и од Челси, Јувентус и ПСЖ.
Тешко ќе му биде на Монако во летниот преоден рок да го задржи својот екстра талент, па прогнозите се дека Мбапе сигурно ќе ја промени средината.