181
Денеска се појавија гласини дека Манчестер Сити може да го шокира фудбалскиот свет со трансфер на Лионел Меси.
Но за каталонскиот весник „Спорт“, англискиот клуб негира дека ќе се обиде да го донесе Меси.
Извор од Манчестер Сити за „Спорт“ категорично негира дека клубот планира да тргне по Аргентинецот.
Официјалната позиција на клубот е дека нема намера да потпише со Лионел Меси или да плати во висина на откупната клаузула.
Но и покрај ваквиот демант, не се исклучува можноста Сити да се обиде да дојде до услугите на Аргентинецот.
По заминувањето на Нејмар, атмосферата во Барселона не е на највисоко ниво, па почнаа шпекулациите кои ги поврзуваат и другите играчи со заминување од Камп Ноу.