Во петокот, европската
куќа на фудбалот соопшти дека Манчестер Сити е жестоко казнет и во следните две
сезони нема да игра во Европа. „Граѓаните“ ги прекршиле правилата за Финансиски
фер плеј во периодот од 2012 до 2016 година, односно ги пумпале спонзорските
договори за да имаат пари за трансфери и плати а во исто време да испаднат
чисти пред УЕФА.
Клубот од Етихад
стадионот ќе се жали пред Судот за спортска арбитража во Лозана и исходот на
овој процес ќе одлучи какви ќе бидат последиците. Доколку ТАС ја потврди
казната, Манчестер Сити може да биде во сериозни проблеми и во Премиерлигата.
Медиумите од
Англија пишуваат дека Премиерлигата веќе има отворено истрага и биле одржани
неколку сослушувања на кои биле присутни адвокати на Манчестер Сити. Се
шпекулира со одземање на бодови, но не само за оваа сезона, туку и ретроспективно.
Едно од сценаријата
вели „граѓаните“ да останат без шампионскиот трофеј од фамозната сезона
2013/2014, кога Стивен Џерард се лизна на дуелот со Челси а „сините“ го освоија
Енфилд, натпревар кој се покажа како клучен во трката за титулата. Нејасно е
што би се случило со овој трофеј, но некој сметаат дека треба да заврши во
витрините на Ливерпул.