Манчестер Сити излезе како голем победник на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

Вистинска драма
можеа да проследат љубителите на фудбалот во синоќешната реванш пресметка
помеѓу Манчестер Сити и Тотнем во четвртфиналето од елитното европско клупско
натпреварување.

Иако загубија
минимално на гости, пред своја публика имаа голема шанса да ја анулираат негативата,
тоа им успеа, но, само во дел од мечот, Тотнем обезбеди место во топ четирите
екипи во Европа, а добија и честитки од својот ривал по крајот на мечот во
Манчестер, меѓу другото, Граѓаните им посакаа и среќа понатаму.

Ви честитаме
момци и среќно
“ напиша Манчестер Сити во објавата на Тотнем за пласманот во
полуфиналето од Лигата на шампионите, а овој потег на Граѓаните го собра сиот „аплауз“
на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×