Манчестер Сити и ПСЖ на удар, од УЕФА се бараат реакции

by
1 минути читање

Претседателот на
шпанскиот фудбалски шампионат, Хавиер Тебас во изјава за тамошните медиуми вели
дека огромните средства потрошени на фудбалери и трансфери на истите и штетат на
фудбалската индустрија а воедно го уништува ферплејот во однос на европските натпреварувања.

Тобас ја повика
УЕФА детално да го истражи работењето на Манчестер Сити и Париз Сент Жермен од
финансиски аспект.

ПСЖ и Манчестер
Сити создаваат мошне непријатна атмосфера во фудбалска Европа, работат
спротивно на правилата и сево ова и штети на фудбалската индустрија, многу е
важно како ќе реагира УЕФА на целата оваа ситуација по последните неколку
трансфери што ги направија овие две екипи…
“ изјави Тебас за агенцијата „АП“.

УЕФА веќе покрена
постапка против ПСЖ, посебно поради фактот што францускиот вицепрвак
реализираше сензационален трансфер вреден неверојатни 222 милиони евра ова лето
(Нејмар) како и Мбапе, а на ред да дојде за почнување на истраги чека и
Манчестер Сити, клубот за кого исто така има сомневање дека ги прекршил
правилата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×