Манчестер Сити го победи Реал на Бернабеу, Јувентус загуби од Лион (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити направи крупен чекор кон четвртфиналето од Лигата на шампионите откако го совладаа Реал Мадрид на негов терен со 2-1.

За ситуацијата да биде уште полоша за Реал Мадрид, стои моментот на Серхио Рамос кој во финишот од мечот доби директен црвен картон.

Натпреварот во најголемиот тек беше изедначен иако посериозните шанси ги имаше Манчестер Сити.

Мечот беше отворен во 60. минута кога по асистенција од Винисиус, осамениот Иско погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Во 78. минута по додавање од Де Брујне, Габриел Жесус постигна гол за израмнување на 1-1.

Четири минути подоцна Карвахал го фаулираше Стерлинг, судијата покажа на белата точка. Пеналот успешно го реализираше Де Брујне за пресврт и победа на Манчестер Сити од 2-1.

Во 86. минута Серхио Рамос доби црвен картон откако направи фаул како последен играч во одбраната.

Предност по првиот натпревар оствари и Лион кој со 1-0 го совлада Јувентус на свој терен. 

Клучниот момент се случи во 31. минута кога Тусар постигна гол за водство и победа на Лион од 1-0.

Во вториот дел Јувентус имаше неколку шанси за да се спаси од пораз, но резултатот до крајот остана непроменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×