64
Манчестер Сити беше подобар тим од Арсенал и заслужи да победи, но натпреварот можеше да заврши и поинаку доколку судииите свирнеа офсајд при последниот гол на домаќините.
Граѓаните го отворија резултатот во 19. минута со гол на Де Брујн.
По пет минути игра во вториот дел Монреал направи прекршок за пенал. Агуеро беше сигурен од белата точка за водство на Сити од 2-0.
По десет минути откако влезе во игра, Лаказет во 65. минута намали на 2-1 и го врати Арсенал во игра.
Топчиите тргнаа поофанзивно кон израмнување на резултатот, но една погрешна судиска одлука ги пресече. Давид Силва беше во офсајд, судијата не го крена знаменцето, Шпанецот асистираше до Жесус кој ги постави конечните 3-1.