Манчестер Сити е блиску до договор со Атлетико Мадрид за Саул

by
1 минути читање

Манчестер Сити е
се
поблиску до договор со
Атлетико Мадрид за трансфер на лето на Саул Нигез, според информациите кои ги
објави ЕСПН.

Шпанскиот
репрезентативец од поодамна ги има освоено симпатиите кај шефот на стручниот
штаб на англискиот шампион, стана голема желба на Премиерлигашот за летниот
преоден рок, а конкуренција за неговиот потпис е Барселона, која исто така има
интерес за 24 годишниот офанзивец.

Се шпекулираше
дека Барселона првично била одбиена од Атлетико Мадрид ланското лето по нивната
понуда, а веднаш потоа фудбалерот од средниот ред потпиша седумгодишен договор
со Јорганџиите и ги реши сите дилеми околу неговата иднина.

Како и да е,
извори за ЕСПН додаваат дека ситуацијата со Саул станала комплицирана за да
остане во тимот од Мадрид, а истите тврдат дека Сити ќе се обиде да ги реши
дилемите со неговата иднина со понуда вредна 80 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×