Манчестер Сити без проблеми до победа против Фулам (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По дерби мечот
помеѓу Тотенхем и Ливерпул кој гостите го добија со 1-2 во првиот меч од
петтото коло во англиската Премиерлига, во стандардниот термин од 16 часот се
одиграа уште пет средби.

Бранителот на
шампионскиот трофеј, тимот на Манчестер 
Сити немаше никакви проблеми во дуелот против Фулам кој немаше сили а
воедно и квалитет на теренот да му парира на големиот фаворит кој обезбеди
сигурна победа од 3-0 во една потполна доминација.

Сане по само две
минути игра донесе водство за Сити, а на паузата домаќините заминаа со водство
од 2-0 по голот на Силва во 21. минута. Конечните 3-0 ги постави Стерлинг по
само две минути игра во второто полувреме.

Челси
благодарение на хет-трикот на Азар славеше со 4-1 на домашен терен против
Кардиф, а од останатите средби ја издвојуваме и победата на Арсенал кај Њукасл
со 1-2.

 

Резултати:

Борнмут – Лестер 4:2

Челси – Кардиф 4:1

Хадерсфилд –
Кристал Палас
0:1

Манчестер Сити –
Фулам
3:0

Њукасл – Арсенал 1:2

 

Од денешните
предвидени натпревари во петтото коло, останува уште мечот помеѓу Ватфорд и
Манчестер јунајтед, утре играат Волверхемптон – Барнли и Евертон – Вест Хем, а
колото се затвора со дуелот во понеделник помеѓу Саутемптон и Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×