Манчестер јунајтед за Де Геа на Реал му бара рекордна трансфер сума

by
1 минути читање

Шпанецот во 2015
беше на чекор до преселба на Сантијаго Бернабеу но зделката пропадна во 5 до 12
откако „Црвените Ѓаволи“ задоцнија со доставување на документацијата.

Се најавува дека
Реал Мадрид летово одново ќе се обиде да го ангажира Давид Де Геа, но Манчестер
јунајтед нема лесно да се откаже од својот чувар на мрежата.

Дејли Мејл
пренесува дека спортивно на пишувањата на медиумите од Шпанија, во договорот на
Давид Де Геа нема откупна клаузула, па „Црвените Ѓаволи“ се во силна позиција
во преговорите.

Манчестер
јунајтед за да се откаже од услугите на Шпанецот ќе бара Реал Мадрид да
плати светски рекорден трансфер за еден голман.

Во моментов рекордот е во сопственост на Џиџи Буфон за кого Јувентус плати 100
милиони лири, односно 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани