Според
информациите кои ги објави „АС“, се вели дека Манчестер јунајтед се подготвува
да настапи сериозно во јануарскиот преоден рок во однос на Кристиан Ериксен,
чиј договор со Тотнем истекува идното лето.
Се верува дека во
Манчестер јунајтед веќе подготвиле понуда од околу 20 милиони фунти за Данецот,
иако самиот фудбалер од средниот ред на тимот од Лондон ги разгледува
останатите опции за неговата иднина, односно, станува збор за интересот од Реал
Мадрид и Јувентус.
Ериксен уште во
јануари ќе биде во можност да преговара со заинтересираните клубови за неговите
услуги, откако се чини дека пропаднаа сите можности да стави потпис на нов
договор со Тотнем.
„Искрено, не се
плашиме од тоа да постигнеме некаков договор со нашите ривали“ рече првиот
човек на Тотнем, Даниел Леви во изјава за „Лондон Ивнинг Стандард“.
„Моето гледиште
на оваа тема е едноставно, за фудбалер да потпише нов договор, не се потребни
само да бидат исполнети одредени услови, туку и самиот фудбалер да има желба да
го стори тоа, последното важи за оние фудбалери околу прашањето дали сакаат да
продолжат во клубот или не сакаат, ќе видиме, периодот кој претстои пред нас ќе
ни го даде конечниот одговор на тоа прашање“ додаде Леви.
Се верува дека
Реал Мадрид бил заинтересиран за Ериксен уште во ланската година, меѓутоа
тогашната цена на Данецот од околу 150 милиони евра го пренасочи нивниот
интерес, иако одредени медиуми шпекулираат дека Ериксен во последниот летен
преоден рок имал цена под 70 милиони евра со оглед на ситуацијата околу
неговиот договор со Тотнем.