99
Жозе Мурињо на
26. февруари ќе има можност да стигне до првиот трофеј на кормилото на
Манчестер јунајтед откако неговите избраници вечерва обезбедија дуел со
Саутемптон.
Хал се бореше
храбро и победи со 2-1 во реваншот, но тоа не беше доволно, па „Црвените Ѓаволи“
ќе патуваат на Вембли.
Хадлстоун од
белата точка ги донесе домаќините во предност од 1-0 во 35. минута, а Погба во 66. минута изедначи
на 1-1.
Ниасе на пет
минути до крајот стрелаше прецизно за 2-1, но само за утешна победа над
големиот фаворит.