Манчестер јунајтед верува дека ќе го купи Мората, но има и втора опција

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја одби првата понуда на Манчестер јунајтед за Алваро Мората вредна 60 милиони евра и му порача на англискиот клуб дека сака 90 милиони евра.

Но и покрај тоа Мората останува прва цел на Манчестер јунајтед и според англиските медиуми нивната следна понуда ќе биде 70 милиони евра.

Јунајтед притиска за потписот на Мората откако стана јасно дека нема да го ангажираат Гризман кој не сака да го напушти Атлетико Мадрид во ситуацијата кога клубот е суспендиран за купување на нови играчи.

Јунајтед е уверен дека ќе го купи Мората, но има и други опции. Втор на листата е Андреа Белоти од Торино за кој има интерес од повеќе клубови.

Белоти има откупна клаузула од 100 милиони евра, но се верува дека ќе го напушти италијанскиот клуб за помалку од таа сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани