Манчестер јунајтед веќе подготви понуда за СМС, ќе попушти ли Лотито?

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед е подготвен да понуди 72 милиони фунти за услугите на фудбалерот од
средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Скај“ од Италија.

Претседателот на
тимот од Рим, Клаудио Лотито е дециден во намерата да не го продава Србинот за
сума под 90 милиони фунти, а во Италија пишуваат дека тој е категоричен во
својата намера и нема да ја спушти цената за 24 годишниот фудбалер.

Се верува дека
Милинковиќ-Савиќ, кој потпиша нов договор со Лацио минатиот октомври, нема
ништо против трансфер и заминување од Рим, меѓутоа, Србинот нема да форсира
трансфер и изразил подготвеност да остане во клубот уште една година.

Манчестер
јунајтед долго пријавува интерес за услугите на Милинковиќ-Савиќ, а во октомври
2018. година екс тренерот на Премиерлигашот, Жозе Мурињо лично ја „скенираше“
неговата игра против Црна Гора во победата од 2-0 на Србија на домашен терен.

Од
пристигнувањето од белгиски Гент во 2014. година, Србинот постигна 31 гол за
Лацио во своите досегашни 138 настапи за италијанскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани