Манчестер јунајтед убедлив на гостувањето кај Сандерленд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед го победи Сандерленд и речиси го откажа од сите надежи дека може да избори опстанок во Премиерлигата.

Серијата погодоци ја отвори кој друг ако не Златан Ибрахимовиќ кој во 30. минута постигна убав гол за водство на Јунајтед од 1-0.

Пред крајот на првото полувреме, Ларсон стартуваше врз Ерера со отворен ѓон, судијата можеби престрого му покажа црвен картон, Сандерленд остана со фудбалер помалку.

На самиот почеток од второто полувреме Мхитаријан постигнува гол и зголемува на 2-0, погодок по кој беа решени сите дилеми околу победникот.

Во 89. минута по асистенција од Ибра, Рашфорд ги поставува конечните 3-0 и по повеќе од половина година се запишува во листата на стрелците.

Значајни три бода за Манчестер јунајтед во битката за место меѓу четирите најдобри, Сандерленд со овој пораз остана само со теоретски шанси за опстанок, но не и реални.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани