Манчестер јунајтед имаше фантастично прво полувреме. Ешли Јанг во 19. минута со силен удар го совлада Гомез за водство од 1-0.
Само шест минути подоцна ремек дело од слободен удар на Јанг, негов втор гол за водство на Јунајтед од 2-0. Во 32. минута и Марсијал погоди, на одморот се замина со предност од 3-0 за гостите.
Се чинеше дека се е готово, но Рохо во 76. минута направи наивен пенал од кој Динеј намали на 3-1, а пет минути подоцна Дукуре реализираше за 3-2 најавувајќи супер завршница на мечот.
Сите дилеми околу победникот ги реши Лингар со еден одличен соло пробив во 86. минута од натпреварот.
Тотенхем забележа нов неуспех откако беше поразен на гостувањето кај Лестер со 2-1.
Во првото полувреме Варди и Марез постигнаа прекрасни голови за водство на Лестер од 2-0.
На десет минути пред крајот Хари Кејн намали на 2-1. Фудбалерите на Тотенхем се обидуваа да избегнат пораз но не успеаа.
ВБА и Њукасл одиграа 2-2, немаше погодоци на дуелот помеѓу Брајтон и Кристал Палас.