Манчестер јунајтед соопшти рекордни приходи, Вудворд испрати порака до Солшер

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед лошо ја започна сезоната, со само две победи по шест кола, па по
поразот од Вест Хем во неделата се погласни се шпекулациите за можно заминување на Оле
Гунар Солшер. Медиумите веќе креираа листа со потенцијални негови наследници, Макс Алегри го ставија како прв фаворит но тренерот попладнево доби поддршка од лидерите.

Клубот од Олд
Трафорд соопшти рекордни приходи за последната финансиска година од 627 милиони
фунти, а при обраќањето до инвеститорите, Ед Вудворд истакна дека тие ќе бидат
трпеливи со Норвежанецот и реконструкцијата на тимот кој тој ја започна.

„Ние и нашата армија
на фанови која постојано се зголемува, бараме успех. Успех значи освојување на
трофеи. И овие цели и овие стандардите никогаш не се промениле за Манчестер
јунајтед“
– вели генералниот извршен директор.

„Најголемиот дел
од прогресот што го забележавме со инвестициите во акдемијата, во депарманот за
ангажман на нови играчи и во тренинг комплексите, се зад сцената и затоа не
можат да бидат забележани на прв поглед кога некој од надвор гледа што се
случува“.

„На пример,
значително го имаме зголемено нашиот департман за ангажман на нови играчи
изминативе години, за да ја подобриме неговата ефикасност и продуктивност, има
луѓе кои тука работат преку 10 години. Препораките кои фудбалери да се
ангажираат и одлуките се носат на дневна основа од страна на овој департман,
менаџерот и неговиот тим. Овие инвестиции, заедно со довербата која му ја
укажавме на Оле и неговиот тренерски персонал во март, ни дадоа основа на која
ќе го градиме успехот“.

„Убедени сме дека
овие вложувања ќе донесат резултати, но исто така важно е да бидеме трпеливи со
Оле и неговиот тим за да изградиме состав за иднината. Ќе продолжиме да се
фокусираме на долгорочна стратегија, без разлика што се случува на краткорочен рок“.

„Оптимисти сме за
иднината. Со играчите кои ги продадовме или ги испративме на позиција ова лето,
се отвори врата за менаџерот шанса да им даде на повеќе млади играчи од школата
и да креира основа и култура на која ќе го градиме следниот состав кој ќе
освојува трофеи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×