Манчестер
јунајтед славеше со 4-1 во дуелот со Њукасл на домашен терен, а во првите 45
минути игра „Црвените ѓаволи“ имаа предност од 3-1 и уште во таа фаза од
пресметката на „Олд Трафорд“ најавија победа.
Лонгстаф за
момент навести изненадување со голот за почетно водство на Њукасл во 17.
минута, меѓутоа радоста за гостите не траеше долго.
Најпрво Марсијал
во 24. минута израмни на 1-1, за веќе во 36. минута Гринвуд да донесе пресврт и
водство за Манчестер јунајтед од 2-1.
Домаќините
заминаа на пауза и со водство од 3-1 со погодокот на Рашфорд на четири минути
пред истекот на регуларниот дел од првото полувреме, за веќе во второто по само
шест минути игра Марсијал да ги постави и конечните 4-1 со својот втор погодок
на мечот.
Еден интересен детал има од учинокот на Марсијал на статистички план откако Французинот имаше три обиди, сите во рамките на голот на противникот, од кои два гола, односно еден обид кој заврши во конструкцијата од голот на Њукасл.
Anthony Martial goal Manchester United vs Newcastle 4-1 #MUNNEWpic.twitter.com/w3W2YuvSP0
— zwodde (@zwoddeytb) December 26, 2019
Ова се важни три
бода за составот на Оле Гунар Солшер кој со 28 освоени бода сега се наоѓа на
седмото место на табелата во Премиерлигата, Њукасл со 25 бода е точно на
средина од табелата, поточно на десеттата позиција.