Манчестер јунајтед со нов капитен доаѓа во Скопје

by
1 минути читање

Искусниот, 35
годишен фудбалер од средниот ред, Макјл Керик е именуван за нов капитен на
Манчестер јунајтед, за ова доаѓа и потврда од официјалниот клупски сајт на
премиерлигашот.

Прекрасно е
чувството да се биде капитен на голем клуб како Манчестер јунајтед. Ова е 12. година
за мене во овој тим, дојдов на 25 годишна возраст. Никогаш не ни помислував
дека ќе постигнам толку многу во мојата кариера… Сега е време да ги предводам
момците онака како што доликува, посебно оние помладите, да им дадам добри
насоки, тоа е навистина убава работа и вистинско задоволство
“ изјави Керик.

Керик за време на денешниот тренинг во Лос Анџелес

Запрашан за тоа каков стил на предводење на тимот ќе користи, со оглед на тоа што играше во времето кога капитени на екипата беа Гери Невил, Немања Видиќ и Руни, исто како и Дејвид Бекам, Џон Тери и Стивен Џерард за Англија, Керик издвои дека ќе биде негов стил, новата улога во тимот воопшто нема да го промени како личност.

Манчестер јунајтед моментално за новата сезона се подготвува во Соединетите Американски Држави, таму ќе одигра неколку контролни средби, додека пак на 8. август следи мега пресметката со Реал Мадрид во Скопје, во рамките на Европскиот
Суперкуп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани