Манчестер јунајтед се збогува со Руни: Пример за професионалец кој вечно ќе биде дел од историјата на клубот

by
1 минути читање

31-годишниот Вејн Руни се врати во Евертон како дел од договорот со Манчестер јунајтед за трансфер на Лукаку.

Руни не можеше да избори место во стартниот тим на Жозе Мурињо, па Португалецот не сакаше да му застане на патот и одлучи да го пушти да се врати во Евертон.

„Не е тајна дека јас долго време бев фан на Вејн. Тој е пример за професионалец и ќе остане во историските книги на овој клуб уште долго време“ – вели Мурињо.

„Никогаш не е лесно да гледаш голем фудбалер како игра помалку од тоа што тој би сакал, не можев да му застанам на патот кога побара да се врати во Евертон. Неговото искуство, фокус и посветеност ќе ни недостасуваат, му посакувам се најдобро во иднина“.

Пофални зборови не штедеше ниту директорот, Ед Вудворд.

„Од моментот од кога потпиша, од пред 13 години до сега Вејн беше фантастичен за Манчестер јунајтед. Кој може да го заборави неговиот деби хет-трик против Фенербахче, спектакуларните ножички против Сити и победничките голови кои често ги постигнуваше? Но по многу дискусија, клубот одлучи да го прифати барањето да се врати во неговиот клуб од детството“ – вели Вудворд.

„Тој креираше некои од најмагичните моменти туку во најуспешните години од историјата на клубот. Вејн заминува како наш најдобар стрелец кој ги освоил сите можни трофеи“.

„Ќе бидат потребни декади за да се стигнат неговите рекорди и ние сме му екстремно благодарани. Од целиот клуб и стотици милиони фанови во светот, му посакуваме се најдобро во следната фаза од кариерата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани