„Ѓаволите“ неодамна го решија прашањето за тренерската позиција и му укажат доверба на Оле Гунар Солскјер.. па сега се кројат планови за настапот на трансфер пазарот. Голем број на медиуми вечерва пренесоа дека се подготвува голема реконструкција, од Олд Трафорд би можеле да заминат дури осум играчи.
Антонио Валенсија дефинитивно си оди откако не му беше понуден нов договор, а на излезна врата се и Матео Дармијан и Маркос Рохо.
Андер Ерера и Хуан Мата исто така би можеле да заминат со оглед на тоа дека се под договор до 30. јуни и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место. За Андре Ерера веќе се говори дека си подал рака со ПСЖ, но ова никој официјално не го има потврдено.
Иднината на Алексис Санчез исто така е под знак прашалник, и Оле Гунар Солскјер ќе треба да донесе одлука дали да го продаде Чилеанецот. Проблем може да биде тоа што напаѓачот има голема плата од речиси 400.000 фунти неделно, и малку клубови можат да си дозволат вакви бројки.
Норвежанецот исто така ќе треба да одлучи и за иднината на Ерик Баји, дефанзивецот не ужива голема минутажа и доверба.
Ќе треба да се реши и иднината на Давид Де Хеа, кој е обврзан до 2020 и преговорите за нов договор се во ќор сокак. Проблем е тоа што Шпанецот бара неделна плата од 350.000 фунти, а и чека да види дали клубот ќе избори настап во Лигата на шампионите.
Првичниот план на „ѓаволите“ е да ангажираат тројца играчи: еден дефанзивец, еден фудбалер од средниот ред и еден напаѓач. Сепак, ќе бидат донесени и други засилувања во зависност од тоа кој се ќе замине летоска.