Манчестер јунајтед се откажа од Дибала поради три причини, што сега со Лукаку?

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед и Јувентус си подадоа рака за спектакуларна размена, Ромелу Лукаку се
договори со „старата дама“ и се чекаше само Пауло Дибала да даде согласност за
преселба на Олд Трафорд.

Но Аргентинецот
се двоумеше, и вечерва од Италија пристигнаа информации кои велеа дека тој веќе
го известил својот агент дека не сака да се пресели на северот од Англија.

Во исто време,
неколку извори од „островото“ како БиБиСи, Скај Спортс и Телеграф, пренесоа
дека Манчестер јунајтед се повлекол од преговорите со Пауло Дибала.

Телеграф вели
дека „ѓаволите“ се решиле на еден ваков чекор поради три причини: прво тоа што
самиот играч е премногу резервиран за трансфер на Олд Трафорд, второ неговите
високи барања за плата и трето големата провизија која ја бараат агентите.

Па ваквиот развој
на настаните под знак прашалник ја стави следната дестинација на Ромелу Лукаку.

Се шпекулира дека
Интер ќе се обиде со нова понуда да стигне до услугите на Белгиецот, и
„нероаѕурите“ на Манчестер јунајтед ќе му достави предлог од 70 милиони евра
плус бонуси.

Исто така се
говори дека Јувентус ќе се обиде да најде нова формула и ќе ги понуди Марио
Манџукиќ и Блес Матуиди во замена за напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×